СКАНДАЛ ВО БРИТАНИЈА 43.000 луѓе добиле неточни резултати од тестови за ковид

Како резултат на нашата истрага, работиме со фирмата на утврдување на техничките проблеми во лабораторијата кои доведоа до тоа на луѓето да им се даваат негативни резултати од ПЦР тестовите, вели Вил Валфаре од британската Агенција за здравствена безбедност.

926

Во лабораторија во Велика Британија е прекинато тестирање на коронавирусот откако се појавил сомнеж дека 43.000 луѓе можеби добиле неточни резултати од теститањето.

Поведена е истрага откако се појавиле информации за луѓе кои во лабораторијата во Волверхамптон добиле негативни резултати од ПЦР тестот, а претходно биле позитивни на апаратот на кој се спроведува тестирањето.






Процените се дека во таа лабораторија се направени 400.000 тестирања и дека околу 43.000 луѓе од 8 септември до 12 октомври добиле неточни резултати.

– Како резултат на нашата истрага, работиме со фирмата на утврдување на техничките проблеми во лабораторијата кои доведоа до тоа на луѓето да им се даваат негативни резултати од ПЦР тестовите – вели Вил Валфаре од британската Агенција за здравствена безбедност.

Од клиниката во чија лабораторија се откриени погрешните резултати велат дека целосно соработуваат со Агенцијата.

Поврзани содржини