СКАНДАЛ ВО БЕЛАТА КУЌА Хакиран телефонот на шефицата на кабинет, хакерите се претставувале како неа

Некои од примателите веднаш посомневале дека нешто не е во ред, бидејќи пораките и повиците доаѓале од непознат број. Дополнително сомнеж предизвикало тоа што Вајлс инсистирала комуникацијата да продолжи преку друга апликација – Телеграм.

379

Американските медиуми откриваат сериозен хакерски напад врз мобилниот телефон на шефицата на кабинетот на Белата куќа, Сузи Вајлс. Хакерите не само што добиле пристап до нејзиниот именик, туку и се обиделе да контактираат високи владини претставници, претставувајќи се како неа.

Некои од примателите веднаш посомневале дека нешто не е во ред, бидејќи пораките и повиците доаѓале од непознат број. Дополнително сомнеж предизвикало тоа што Вајлс инсистирала комуникацијата да продолжи преку друга апликација – Телеграм.






Вајлс ги известила своите соработници дека телефонот ѝ е хакиран, а случајот веќе го истражува Федералното истражно биро.

– ФБИ исклучително сериозно ги сфаќа сите закани кон претседателот, неговиот персонал и кибербезбедноста. Заштитата на сигурната комуникација на нашите функционери е клучна за исполнување на мисијата на претседателот – изјави директорот на ФБИ, Кеш Пател.

Поврзани содржини