Сексапилната британска водителка Аманда Холден пак влезе во војна со гледачите. Таа повторно е во центарот на вниманието поради храброто деколте.
Водителката на британското шоу „Јас имам талент“ повторно е во центарот на вниманието на јавноста поради нејзиниот секси стајлинг!
Убавата русокоса Аманда Холден облекла деколтиран син фустан, а гледачите биле толку сигурни дека ѝ се гледаат брадавиците, па испратија 277 жалби до британското регулаторно тело!
Не само тоа, Твитер е преполн со „шокантни слики на деколтето“ на кои „јасно се гледаат брадавиците на Аманда Холден“!
Сите ги видоа, освен самата Аманда!
„Каде ги гледате брадавиците? Тоа е корсет што ме стегаше цела вечер“, им напишала водителката на Твитер: „Моите гради се тема секоја година“, па додала „Мојот сопруг не се жали“.
ФОТО: YOUTUBE/BRITAIN’S GOT TALENT