📽️ СКАНДАЛ НА МЕЧОТ НА ЛЕЈКЕРСИ И ВОРИОРС И Ѓоковиќ виде!
Иако ниту еден од играчите на тимот од Сан Франциско не упати шут кон кошот, часовникот се смени од девет секунди на 24, со што на тимот му се купи дополнително време за изведување напади. Вориорс поминаа дури 13 секунди во нов напад , кој го добија случајно.
Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ повторно го гледаше мечот од НБА лигата – овојпат го гледаше мечот на Лејкерс и Вориорс, прво ги покажа своите кошаркарски способности , а потоа топло се прости од Стеф Кари, најдобрата тројка во историјата на лигата. Ѓоковиќ гледаше многу интересен натпревар во кој победи Голден Стејт (128:121), но забележа и голема грешка на натпреварот, пишува Мондо.
На почетокот на последниот дел од натпреварот, додека Голден Стејт Вориорс напаѓаа, часовникот кој го покажува преостанатото време за напад беше ресетиран од никаде. Иако ниту еден од играчите на тимот од Сан Франциско не упати шут кон кошот, часовникот се смени од девет секунди на 24, со што на тимот му се купи дополнително време за изведување напади. Вориорс поминаа дури 13 секунди во нов напад , кој го добија случајно. Погледнете ја таа сцена:
Shut down the whole damn league. pic.twitter.com/A15roBVnnw
— Laker Central (@LakerCentral365) March 17, 2024
По овој напад, натпреварот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Голден Стејт Вориорс беше прекинат. Во американската јавност сите ја критикуваат лигата за пропустот што се случи, истакнувајќи дека на познатите фаци кои традиционално ја полнат салата кога Лејкерси играат на домашен терен, им било досадно додека не се игра кошарка.
Не знаеме дали овој детаљ го расипа впечатокот на Новак Ѓоковиќ кој за краток период следеше два натпревари во НБА. Претходниот пат во друштво на Дивац го следеше мечот на Лејкерси против Денвер Нагетс, а на тој натпревар за српскиот кошаркар навиваа и Марко Јариќ и Никола Ѓуричко.
На крајот од мечот Ѓоковиш се дружеше со Стеф Кари. Тој зеде еден баскет и го направи следниот дриблинг:
👀
Mr. COOL @DjokerNole 🏀🤩 pic.twitter.com/vdDQ94v8ru
— TRAVEL&Sp🎾rts (@travel__Sports) March 17, 2024