СКАНДАЛ Гувернерот на Калифорнија фатен во луксузен ресторан, откако ги повика граѓаните да останат дома (ФОТО)
Откако фотографиите протекоа во јавноста, гувернерот Њусом се извини и порача дека станува збор за „кардинална грешка“.
Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, фатен е како вечера во луксузен ресторан, а само неколку минути претходно јавно ги повика граѓаните да останат дома поради пандемијата и да не шетаат по угостителски објекти.
Како што пренесуваат медиумите, никој од присутните во ресторанот не носел заштитна маска, а станувало збор за многу луксузен ресторан каде што цената на еден оброк не е пониска од 470 долари.
Откако фотографиите протекоа во јавноста, гувернерот Њусом се извини и порача дека станува збор за „кардинална грешка“.
Сепак, дополнителен скандал предизвика лагата на гувернерот Њусом, бидејќи тој најпрво изјавил дека вечерата била на отворено, по што беа објавени фотографии на кои јасно се гледа дека тој со своите пријатели е внатре во ресторанот.
– Треба да проповедувам и да практикувам, а не само да проповедувам – порача Њусом.
#GavinNewsom seeks sympathy after f*king over his entire state for years & giving them the finger. https://t.co/jj1r8YMWfP pic.twitter.com/6y9JNZc5It
— Milo™ (@chasbottom) November 23, 2020