СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ ПОЛИЦИЈАТА Полицаец без возачка дивеел низ Скопје, му го одзедоа оружјето и ќе оди на психо-преглед

Службеник од елитна полициска единица возел без возачка, МВР покрена и дисциплинска постапка.

796

Полицаец заработи кривична пријава откако бил фатен како управува автомобил без положен возачки испит, соопшти Министерството за внатрешни работи. Станува збор за Ѓ.К., вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти.

Инцидентот се случил на 6 февруари 2026 година на улицата Даме Груев во Скопје, каде што пријавениот управувал патничко возило „сеат алтеа“ без да поседува возачка дозвола. Според наодите на Одделот за внатрешна контрола, тој не ги почитувал сообраќајните прописи и возел на безобѕирен начин, со што го довел во прашање безбедното учество во сообраќајот.






Поради случајот, до Основното јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“. Паралелно е покрената и постапка за утврдување дисциплинска одговорност.

Како итна мерка, на полицаецот му е одземено службеното оружје и муницијата, а упатен е и на задолжителен психијатриски и психолошки преглед.

Поврзани содржини