СИТУАЦИЈАТА НЕ МОЖЕ ДА СЕ КОНТРОЛИРА Директорот на ГТЦ тврди дека од медиумите дознал за „крипто-рудникот“

Најодговорно тврдам дека не може да се контролира ситуацијата, бидејќи се работи за 500 до 600 дуќани, магацински простор, деловен простор и многу други простории коишто гравитираат низ Градскиот трговски центар, вели директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски.

2,763

Директорот на Градскиот трговски центар (ГТЦ), Ѓоко Трајчевски, во изјава за ТВ21 вели дека од медиумите дознал оти во подрумските простории во ГТЦ се копаат криптовалути.

– Денеска дознав од медиумите. И јас сум запрепастен од ова што се случува во ГТЦ. Најодговорно тврдам дека не може да се контролира ситуацијата, бидејќи се работи за 500 до 600 дуќани, магацински простор, деловен простор и многу други простории коишто гравитираат низ Градскиот трговски центар – вели Трајчевски.






Запрашан за сомнителното комбе, кое според дел од медиумите, една година било паркирано до магацините во ГТЦ, Трајчевски вели дека таква информација до него не стигнала.

– Има долу, оставаат дуќанџиите комбиња, возила, така што, не е само комбе. Економската сообраќајница е за дотур на стока, така што немам информација дали стоело комбе или возило подолго време – рече Трајчевски, додавајќи дека утре заедно со полицијата ќе гледаат што да се преземе понатаму.

Поврзани содржини