📽️ СИТИ ГО ПРЕГАЗИ ЛИВЕРПУЛ, ДОКУ ГО ОСВЕТЛИ ЕТИХАД Халанд промаши, но машинеријата на Гвардиола слави
Ливерпул го запиша четвртиот пораз на гостински терен и со 18 бода падна на осмото место. Сити сега има само четири поени помалку од лидерот Арсенал.
Манчестер Сити му одржа лекција на Ливерпул, победувајќи го со 3:0 на „Етихад“ во дербито од 11. коло во Премиер лигата. Тимот на Пеп Гвардиола го прослави својот 1.000-ти натпревар во тренерската кариера со триумф кој ја потврди доминацијата на „граѓаните“, јави Би-Би-Си.
Во првите минути Жереми Доку покажа зошто е новата сензација на клубот. Со неверојатна енергија и агресија, го натера противникот на грешки во шеснаесетникот. По еден судир со Мамардашвили, судијата досуди пенал за домаќините, но Ерлинг Халанд не успеа да го совлада грузискиот голман.
Меѓутоа, неколкуте промашени шанси не го поколебаа тимот. По половина час, Нунес центаршутираше од десно, а Халанд конечно погоди. Тоа беше сигнал за целосна доминација.
На самиот крај од првото полувреме, Ван Дајк мислеше дека израмнил по корнер, но голот беше поништен поради офсајд на Робертсон. Сити веднаш возврати. Нико Гонзалес зголеми на 2:0, а вториот дел само ја запечати судбината на Ливерпул.
Точка на мечот стави Жереми Доку во 63-та минута, откако мина низ одбраната како да не постои.
Ливерпул го запиша четвртиот пораз на гостински терен и со 18 бода падна на осмото место. Сити сега има само четири поени помалку од лидерот Арсенал.
Во следното коло, „граѓаните“ ќе гостуваат кај Њукасл, а Ливерпул ќе го пречека Нотингем Форест.