🎥 СИТЕ ЖИВИ АМЕРИКАНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ЕДНО МЕСТО Обама и Трамп расположени за муабет, Клинтон на дистанца

Џо Бајден, кој ја предводеше церемонијата, одржа емотивен говор во кој ја истакна хуманоста, посветеноста на мирот и лидерството на Картер.

1,115

На државниот погреб на поранешниот американски претседател Џими Картер, кој се одржа денеска, присуствуваа сите пет живи претседатели на САД: актуелниот претседател Џо Бајден, како и неговите претходници Доналд Трамп, Барак Обама, Џорџ Буш помладиот и Бил Клинтон.

Настанот се одржа во Националната катедрала во Вашингтон, што е традиционално место за последни почести на истакнати американски државници.






Џо Бајден, кој ја предводеше церемонијата, одржа емотивен говор во кој ја истакна хуманоста, посветеноста на мирот и лидерството на Картер.

– Пријателството со Џими Картер и неговиот живот ме научија дека силата на карактерот е повеќе од титулата или моќта што ја имаме. Сила е да се разбере дека сите луѓе треба да бидат третирани со достоинство, почит и дека секој заслужува еднаква можност – изјави Бајден.

Поврзани содржини