СИТЕ ЗАГИНАЛЕ ВО ЕДНА УЧИЛНИЦА Откриени детали од масакрот во училиштето во Тексас

Полицијата го опколи основното училиште Роб во Увалде, Тексас, кршејќи ги прозорците во обид да ги евакуира децата и персоналот, изјави за Си-Ен-Ен портпаролот на Одделот за јавна безбедност во Тексас, Крис Оливарез.

434

Деветнаесетте деца и двајцата наставници убиени во масакр во основно училиште во јужен Тексас биле во една училница за четврто одделение каде напаѓачот се забарикадирал, соопшти денеска полицијата.

– Полицијата го опколи основното училиште Роб во Увалде, Тексас, кршејќи ги прозорците во обид да ги евакуира децата и персоналот – изјави за Си-Ен-Ен портпаролот на Одделот за јавна безбедност во Тексас, Крис Оливарез.






Полицајците потоа насила влегле во училницата и го убиле напаѓачот, идентификуван како 18-годишниот Салвадор Рамос.

Убиството на 19 деца и двајца наставници во основно училиште во Јужен Тексас поттикна повик за акција од американскиот претседател Џо Бајден – ги повика Американците да се соочат со лобито за оружје во земјата и да го притиснат Конгресот да ги заостри законите за оружје.

Поврзани содржини