СИТЕ ТУКА СЕ СИЛУВАЧИ, НЕ САМО ЈАС Французинот што си ја дрогирал сопругата и поканил 80 луѓе да ја силуваат се брани на суд

Човекот обвинет дека ја дрогирал својата сопруга и поканил повеќе од 80 мажи да ја силуваат, Доминик Пелико, во своето сведочење на суд изјави дека луѓето не се раѓаат перверзни, туку стануваат перверзни.

474

„Јас сум силувач како и сите други во оваа соба“.

Ова го изјави Доминик Пелико, човекот обвинет дека ја дрогирал својата сопруга и поканил повеќе од 80 мажи да ја силуваат.






50 други мажи се соочуваат со обвиненија до 20 години затвор за тешко силување во кривичниот суд Воклуз во Авињон, јужна Франција, пишува порталот Телеграф.

– Тие знаеја сè, не можат да порекнат – му рече Пелико на судот треперејќи, предизвикувајќи револт кај другите обвинети, од кои 35 негираат силување.

Тој потоа во своето сведочење додаде дека луѓето не се раѓаат перверзни, туку стануваат перверзни.

Судењето беше одложено минатиот петок поради лошата здравствена состојба на обвинетиот, но медицинските експерти во неделата оценија дека 71-годишникот е способен да присуствува од понеделник.

ЈА ДРОГИРАЛ ЖЕНА СИ ЕДНА ДЕЦЕНИЈА И СНИМАЛ ДОДЕКА ЈА СИЛУВААТ Перверзен пензионер во Франција е изведен пред суд за своите грозоморни дела

Поврзани содржини