📽️ СИТЕ СТАНАРИ СЕ ОТСЕЛИЈА, САМО СЕМЕЈСТВОТО БИЛАР ОСТАНА Тажната приказна за загинатите четири лица во урнатата зграда

Четири членови на семејството Билир загинаа при уривање на станбена зграда во Турција, додека 18-годишната Дилара е извлечена жива. Експертите истражуваат што предизвикало трагедијата.

2,088

Спасувачките екипи во Турција завршија со потрагата по семејството Билир, кое го зафати трагичен инцидент при уривање на станбена зграда. Претходно беа пронајдени телата на две деца – 12-годишниот Емир и неговата сестра Хајрусине (14), додека 18-годишната Дилара била извлечена жива од урнатините.

По 19 часот, спасувачите го извлекле и телото на родителите, Емина и Левент Билир. Причините за уривањето на зградата, што се случило вчера околу 7:30 часот по локално време, сè уште не се познати, соопштија локалните власти.

 






Пријателите и роднините беа во шок по трагедијата. Екрем Мараз, сопственик на продавница во близина, рече дека Левент бил нивен редовен клиент и дека семејството немало каде да се исели.

– Бидејќи не можеа да се забележат пукнатини во ѕидовите или столбовите, изведувачот и општинските службеници не рекоа ништо за затворање на зградата – истакна тој.

Другите жители сепак се иселиле, но семејството Билир останало во станот. Во урнатините беа пронајдени фотографии и предмети што му припаѓале на семејството, а една порака на ѕидот, посветена на 14-годишната Хајрусине, особено ги растажи сите: „Среќен роденден, наше средно дете“.

 

Експертите сега ги испитуваат урнатините за да ги утврдат причините за трагедијата.

📽️ СНИМЕН МОМЕНТОТ КОГА СЕ УРИВА ЗГРАДАТА, ЛУЃЕ ИЗБЕГНАА СМРТ Брат и сестра загинаа, 18-годишната сестра спасена, се бараат родителите

Поврзани содржини