Сите спортисти ќе се тестираат на вирусот пред да почне сезоната

280

Пред почетокот на сезоната ќе се истестираат сите коишто се дел од тој тренинг и процесот на одржување на натпреварите. Од Институтот за јавно здравје тогаш излегоа во пресрет дека ќе ги извршат сите тестирања. Процесот е договорен и секако, нема да се продолжи ниту пак да се иницира нешто коешто може да го загрози здравјето на спортистите – изјави денеска министерот Филипче, во врска со тоа останува ли препораката за тренинзи во групните спортови, бидејќи во клубот „Шкендија“ се потврдени два позитивни случаи на ковид-19.

Тој појасни дека решиле да почнат индивидуалните спортови како тенис, а за тестирањата за групните спортови, тоа било договорено на состанокот на Федерацијата и Комисијата за заразни болести.

Поврзани содржини