Сите шестмина пациенти кои починаа беа во крајно тешка состојба, со нарушувањa на сите органи, вели Филипче
Има уште неколку пациенти кои се на респиратор и се со таква форма на болеста, при која има мултиоргански нарушувања. Лекарите и персоналот прават се, ама за жал, има малку реакција од организмот на болниот - појасни Филипче.
Во врска со тоа што денес е регистрирана рекордна бројка на починати од ковид-19 во земјата – вкупно шестмина, а има помалку новозаразени, додека пикот на болеста е најверојатно веќе поминат, министерот за здравство, Венко Филипче, на прес-конференцијата одговори:
– Сите шестмина пациенти, а за тоа дискутиравме и на Комисија, беа во крајно тешка клиничка состојба со нарушување на сите органи и не можеа да се нормализираат. Евидентно е дека дошло до затајување на функциите. Има уште неколку пациенти кои се на респиратор и се со таква форма на болеста, при која има мултиоргански нарушувања. Лекарите и персоналот прават се, ама за жал, има малку реакција од организмот на болниот – појасни Филипче.
Тој информираше дека досега има вкупно 71 починат од новиот вирус во земјата.