Сите седуммина починати биле во ризична група, пациентот од Сарај имал туберкулоза, а една била со пресаден бубрег
Починатата пациентка при прием во амбулантата на Инфективната клиника спаѓа во најкритичните пациенти бидејќи била со трансплантиран бубрег. Таа со семејството вчера дошла на Клиниката за нефрологија со приватно возило во тешка состојба. И бил земен брис. Во тие 3-4 часа додека била на Клиниката била максимално згрижена, а потоа била упатена на Инфективната клиника,
Сите пациенти кои починаа во изминатото деноноќие се пациенти со претходни коморбидитети и пациенти кои спаѓаат во ризична група, информираат од Министерството за здравство.
Од починатите на Инфективна клиника – 79-годишниот пациент од Скопје – Сарај, е хоспитализиран на 21 мај, лекуван претходно од TBC (туберкулоза), пациентката 66-годишна од Струга-Лабуништа е хоспитализирана на 8 јуни, а имала висок крвен притисок и дијабет, пациентката – 54 години од Скопје – Студеничани е хоспитализирана на 5 јуни, а имала хронично обструктивна белодробна болест и гојазност.
Починатата пациентка при прием во амбулантата на Инфективната клиника спаѓа во најкритичните пациенти бидејќи била со трансплантиран бубрег. Таа со семејството вчера дошла на Клиниката за нефрологија со приватно возило во тешка состојба. И бил земен брис. Во тие 3-4 часа додека била на Клиниката била максимално згрижена, а потоа била упатена на Инфективната клиника,
Од починатите во ГОБ „8 септември“ – пациентката 77-годишна од Скопје, хоспитализирана на 8 јуни имала срцева слабост, пациентката (73 години) од Струга, примена на 7 јуни имала хронична леукоза, висок притисок и дијабет. Пациентите биле примени како сомнителни на Ковид и потврдени по прием. Пациентот 87-годишен кој почина во Штипската болница е лекуван болнички од 26 мај, а имал кардиоваскуларни заболувања.