Сите се шокирани од видеото кое го објавила девојка која работела за „Инстаграм“ (ВИДЕО)

Девојката во видеото открила дека автобус на компанијата секој ден доаѓал да ја земе од дома, а исто така и да ја врати.

1,337

Кристен Блер, девојка која сега е вработена во седиштето на компанијата „ТикТок“, порано работела за „Инстаграм“. На личниот профил на социјалната мрежа за која работи моментално, таа објави видео каде опишува како се чувствувала додека се работела за претходниот работодавец.

Девојката во видеото открила дека автобус на компанијата секој ден доаѓал да ја земе од дома, а исто така и да ја врати.






Блер била вработена како менаџер на програмски мрежи и маркетинг тимот, а како што вели во едно од видеата, ја имала целата слобода, па во неколку наврати ги завршувала своите обврски на покривот на зградата, со пијалаци и ужина.

Бидејќи „Инстаграм“ има канцеларии во Њујорк, Париз, Хамбург, Дубаи и Токио, компанијата ги финансирала билетите од прва класа до овие дестинации. Како што и самата нагласува, тие патувања биле убави искуства за неа.

Во текот на денот, кога таа би имала средба во друга зграда во овој прекрасен комплекс, која се шири над 250 хектари и има 30 објекти, таа се возела со велосипед за да стигне на состанокот. Според неа, ентериерот на секоја зграда е убав. Влезот во канцелариите на „Инстаграм“ е украсен по најновиот тренд, има слики насекаде, а има посебен дел кој е наменет за фотографирање на селфи.

На вработените во „Инстаграм“ им е обезбедена бесплатна храна и пијалок, а имаат и места за играње, а кои се украсени како Дизниленд.

Видеото што Блер го објави на „Тик Ток“ го гледале повеќе од три милиони луѓе, а судејќи според коментарите, повеќето би сакале да бидат на нејзино место.

 

@christenblaireA day in the life at ##work when i used to work at Instagram ##greenscreen ##greenscreenvideo I did actually work I swear lolol.

♬ you need me to have no idea – picklepatty_39

Поврзани содржини