СИТЕ СЕ ПОСТРОЕНИ ЗАД АХМЕТИ Нема раскол во ДУИ, а без мене се може, вели Груби

Се наоѓаме во пресудни моменти, треба да дадеме придонес за да ги надминеме сите кризи и успешно реализирање на проекти. Јас имам најмалку заслуги, најмногу има Али Ахмети, граѓаните и народот кој нѐ гласал, рече Груби.

358

Нема раскол во ДУИ. Па нели видовте вчера дека сите беа построени позади Али Ахмети. ДУИ може да функционира и без мене, изјави денеска вицепремиерот Артан Груби на новинарско прашање откако претходно „огнената група“ побара промени во партијата, а лидерот Ахмети изјави дека партијата може без секого.

– Не само ДУИ, која било партија, која било институција, кој било општествен процес може без секого. Никој не е незаменлив. Но се наоѓаме во пресудни моменти, треба да дадеме придонес за да ги надминеме сите кризи и успешно реализирање на проекти. Јас имам најмалку заслуги, најмногу има Али Ахмети, граѓаните и народот кој нѐ гласал. Сите достигнувања на ДУИ го носат потписот од 2002 до 2022 година – рече Груби.

Поврзани содржини