„СИТЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ КАКО ДАНЕЛА, НО ЈА НЕМААТ НЕЈЗИНАТА ХРАБРОСТ“ Реакција од ДУИ дека ВМРО-ДПМНЕ со Мицкоски паднало на 320.000 гласачи

1,134

Соочен со драстичен пад на рејтингот и недоверба на повеќе од една третина од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ кон него, како и четири пати помал рејтинг од азилантот Никола Груевски, Христијан Мицкоски се обидува со патетичен национализам, надминат повеќе од две децении, да опстане на политичката сцена со копирање на поранешниот лидер на СДСМ Зоран Заев во напорите за доведување на ДУИ во опозиција и претставување како квазипатриоти, реагира Демократската унија за интеграција (ДУИ).

„Сите градоначалници на општините од ВМРО-ДПМНЕ се чувствуваат како Данела Арсовска, но сѐ  уште немаат храброст како Данела да го оспорат булингот што им го прави Мицкоски. Сите гласачи на ВМРО-ДПМНЕ знаат дека Мицкоски го интересираат само бизнисот и неговите деловни партнери и дека намерно го оставил во кал целото поранешно раководство на ВМРО-ДПМНЕ, што и самиот го потврди. Затоа, Мицкоски и по 5 години е под сенка на Груевски и падна под 320.000 гласови на парламентарни избори, што се одразува и на внатрепартиските рејтинзи каде најголем дел од ВМРО-ДПМНЕ за лидер го сметаат Никола Груевски, а не Христијан Мицкоски“, се наведува во реакцијата на ДУИ.






Мицкоски пред два дена изјави дека крајно време е ДУИ после 20 години на власт да оди во опозиција.

 

„ПОСЛЕ 20 ГОДИНИ НА ВЛАСТ, РЕДНО Е ДА ЈА ИСПРАТИМЕ ДУИ ВО ОПОЗИЦИЈА“ Мицкоски повикува на мобилизација на изборите

Поврзани содржини