Технолошкиот гигант Amazon ќе отвори нови 75.000 работни места во сите земји во кои има директна достава на производи, како и на извршување на онлајн нарачки.
Од друга страна Amazon се соочува и со критики дека работниците во магицините и тие што се директно изложени на опасност од ширење на корона вирусот претставуваат поголема опасност отколку економските загуби. Во одредени стоваришта на Amazon се случија и протести на вработените бидејќи тие и натаму работат без оглед на рестриктивните мерки за движење и наметнатиот домашен карантин.
Amazon ќе воведе термални сензори со цел при влегување на работното место да се мери температурата на вработените, а ќе им се поделат маски и заштитна опрема за да не се дозволи брзо ширење на корона вирусот.
Компанијата која добар дел од приходите ги генерира преку е-трговија планира да одговори целосно на зголемената побарувачка од корисниците за производи и стоки, особено во време кога многу побезбедно е да се купува онлајн, отколку да се оди во физички продавници.
За сите ангажирани вработени на Amazon во време на криза, компанијата е подготвена да издвои половина милијарда долари за зголемување на платите, односно за околу 150 милиони долари повеќе од првично планираното на глобално ниво каде има операции.