СИТЕ ОСВЕН БОГАТИТЕ АМЕРИКАНЦИ ЌЕ ДОБИЈАТ ПО 2.000 ДОЛАРИ Трамп вели дека парите се плод од новите царини
Луѓето кои се против царините се будали!, напиша шефот на САД во врска со олдуката, додавајќи дека САД се „најбогатата и најпочитуваната земја во светот“, со „речиси никаква инфлација и рекорден берзански индекс“.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска најави дека федералната влада ќе им исплати „дивиденда“ на граѓаните од најмалку 2.000 долари по лице. Според неговата објава на платформата Truth Social, само граѓани со високи приходи ќе бидат исклучени од оваа мерка, без да наведе кога точно ќе почне исплатата.
Во истата објава, Трамп ја пофалил економијата на САД и изјавил дека новите царини ќе донесат „трилиони долари“ кои, според него, ќе можат да се искористат за намалување на државниот долг.
„Луѓето кои се против царините се будали!“, напиша тој, додавајќи дека САД се „најбогатата и најпочитуваната земја во светот“, со „речиси никаква инфлација и рекорден берзански индекс“.
Претседателот и порано зборувал за идејата владата да им исплаќа пари на граѓаните, но досега не ја реализирал. Според економските аналитичари, мерката би можела да има силен политички ефект во пресрет на изборната кампања за 2026 година.