Сите лаги за рудниците (2)

Ние гласаме за влез во НАТО, ама рудниците за бакар ќе бидат на Русите. Оваа измена НЕ важи за рудникот Бучим каде сопственици се Руси. Иако компанијата тврди дека немаат ништо со Русија, рускиот амбасадор ги вбројуваше во стратешки инвестиции на Москва во Македонија. И замислете веднаш после оваа измена во Законот за минерални суровини рудникот Бучим дава предлог до Иловица-Штука да ги купи затоа што законот ним им дозволува да прават што сакаат.

943

Во минатата колумна напоменав дека одредени личности сакаат да бидат дел од грабежот на сиромашниот народ и да го убедуваат дека ќе сме биле рударска колонија на НАТО „злосторниците“ и дека сега мора да сме екологисти со една девиза: Вие народе правете што ќе ви кажеме ние и не раскажувајте што правиме ние за сопствените банкарски сметки.

Како се одработува за Русија? На следниов начин. При менување на уставното име на Македонија политичката партија од редот на „зелените“, ќе го уцени тогашниот премиер со нивните два гласа дека ќе ги добие само доколку се случи измена во соодветниот Закон за минерални суровини.






Ние гласаме за влез во НАТО, ама рудниците за бакар ќе бидат на Русите. Оваа измена НЕ важи за рудникот Бучим каде сопственици се Руси. Иако компанијата тврди дека немаат ништо со Русија, рускиот амбасадор ги вбројуваше во стратешки инвестиции на Москва во Македонија. И замислете веднаш после оваа измена во Законот за минерални суровини рудникот Бучим дава предлог до Иловица-Штука да ги купи затоа што законот ним им дозволува да прават што сакаат.

Ова е изгласано во еден состав од Собранието на Македонија. Онаму каде народните (граѓанските) не само избраници туку претставници на нивните животни интереси ги имаат нарушено следниве фундаментални принципи на Македонија, а без притоа да обрнат внимание дека го нарушуваат угледот на Македонија и ја ставаат во позиција дека е нестабилна за привлекување инвестиции и тоа од нашите стратешки партнери Европската Унија и САД и со ова законско решение ги форсираат не било кого, туку нашите нелогични сојузници од кои само имаме финансиска штета, а тоа се Русија и нејзините азиски партнери.

Нарушени се следниве позиции на Македонија – Уставот на Македонија, антимонополскиот договор со нашите стратешки партнери, антидискриминаторскиот договор со нашите стратешки партнери и антикоруптивниот договор со нашите стратешки партнери.

За да можам да бидам попрецизен, прво согласно Уставот на Македонија секој граѓанин од Македонија и инвеститор домашен или странски има загарантирано право на рамноправен пристап до сите ресурси на државата, за кои државата дала дозвола и за истите бара дека мора разумно да се користат од страна на корисникот и истиот да се однесува согласно сите позитивни домашни и меѓународни закони.

Како држава се имаме обврзано на 1 јануари 2004 година согласно меѓународни закони дека не постојат повеќе монополски заштитнички закони. Како пример би Ви го дал како читатели Македонски телеком. Истиот мораше да прифати телекомуникациска интерконекција со сите носители на услуги за фиксна телефонија. Замислете Македонски Телеком да ги поседуваше сите фреквенции и за мобилна телефонија и само тие како фирма да можеа да нудат услуги. Телеком 1, 2 и 3 итн.

Ова нормално Македонија во нејзините меѓународни договори го забранила, од причина што би била прогласена за дискриминаторска држава со висок степен на корупција во светски размери.

И сега си поставувам логични прашања зошто е создаден монополот Бучим со тоа што во моментов само нему му е дозволено да ископува бакар, клучна минерална суровина за кој што побарувачката секојдневно расте, а при тоа да користи застарени технологии. Додека, од друга страна закочени се неколку нови инвестиции во рударски капацитети кои согласно законот ќе користат современи технологии безбедни за животната средина, а корисни за македонскиот економски развој, како на пример што е инвестицијата за отворање на рудникот „Иловица – Штука“.

Инвеститори на овој проект јасно и недвосмислено ја дадоа следната изјава како сериозно општествено одговорна компанија, каде инвеститорот има над 300 милијарди евра промет на годишно ниво, дека:

„Дополнително сакаме уште да ја потсетиме јавноста, компанијата минатата недела испрати писмо до министерката за животна средина и просторно планирање, г-ѓата Каја Шукова обврзувајќи се дека при експлоатација на минералните суровини во идниот рударски комплекс Иловица – Штука, нема да се користи цијанид согласно Законот за минерални суровини; компанијата се заложува за технологија на ‘суво јаловиште’ при менаџирањето на отпадот од рудникот и се обврзува на изградба на нов водоводен систем за потребите на локалното население“.

И сега морам да истакнам, зошто во јавноста цело време се зборува дека Иловица-Штука ќе користи цијанид кога тоа согласно законот е невозможно, а и самата компанија во повеќе наврати појаснува дека технологијата која ќе се користи за експлоатација нема да вклучува употреба на цијанид и сулфурна киселина.

Зошто цело време се плаши локалното население дека кај Иловица-Штука ќе се гради огромна брана, а од истиот проект велат компанијата се заложува за технологија на „суво јаловиште“ при менаџирањето на отпадот од рудникот?

Одговорот мора да се бара во следниве нарачки кои логички се поврзуваат со еден рудник: Во нацрт верзијата за Стратегијата за минерални суровини, напишана и сугерирана од поранешниот ректор на Универзитетот Гоце Делчев, сега демек секретар на МАНУ г-дин Блажо Боев цело време се инсистира дека Бучим е рудник само за бакар, а јас ќе дадам други предлози за докази дека има и злато.

Како тоа наеднаш екологистите од зелените политичари се поделија во две насоки кои државата од неразбирливи причини не ги прати, а тие се следниве:

Едната вели дека Иловица-Штука не смее да има хидројаловиште и премолчува дека инвеститорите јавно кажаа дека одат на сува постапка (најмодерна технологија), ама инсистираа хидројаловиштата да бидат внесени во законот за минерални суровини, без притоа да каже дека одработува за најголемото хидројаловиште, а тоа е БУЧИМ.

Другата се погрижи да го сменат Законот за животна средина и да ја натера државата да се откаже од 3 милијарди евра данок и 150 илјади новоотворени директни и индиректни работни места. Ова е потврдено од најинформираните економисти во Македонија

За сето ова во наредните две колумни.

 

 

 

Поврзани содржини