Сите гости од „Ами Џи шоу“ на тестирање за коронавирус сосе водителот Огњен, еден од гостите позитивен
Српскиот одбојкар Александар Атанасијевиќ, по враќањето од Италија, каде го помина најтешкиот период за време на пандемијата на коронавирус, беше тестиран петпати и имаше негативни тестови, но сега е позитивен на коронавирус.
Атанасијевиќ во вторникот вечерта бил еден од гостите во емисијата на Огњен Амиџиќ, а потоа објавил дека е позитивен на ковид-19, со полесна клиничка слика.
Во вторникот вечерта, Александар беше гостин во емисијата „Ами Џи шоу“, а актерите на хит серијата „Црвена месечина“ на „Пинк“, беа со него во студиото.
„Пинк“ соопшти дека, поради контактот со него, гостите и водителот ќе бидат тестирани.
Многумина се загрижени дека може да бидат заразени, а Ивана Дудиќ, Михајло Јовановиќ и Нина Граховац, актерите до „Црвена месечина“, кои гостувале во претходната емисија, веќе се тестирани и не се позитивни на ковид-19.
Водителот на шоуто Огњен Амиџиќ ги извести медиумите дека ќе биде тестиран денеска.