СИТЕ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ СЕ ЛАЖНИ Објектите биле евакуирани и проверени, информира МВР

Полициски службеници презедоа мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки, информира МВР.

36

Министерството за внатрешни работи ги направи сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје и НБРМ, кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа и утврди дека станува збор за лажни пријави, соопшти МВР.

Веднаш по добиените пријави, полициски службеници презедоа мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, додава МВР.

Поврзани содржини