СИТЕ ЧЕТВОРИЦА ШИБАЛЕ СО НАД 150 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС Уапсени и казнети возачи во Гостиварско

Во 14.55 часот бил уапсен 32-годишнио К.Р. од Косово кој со „ауди“ со косовски регистарски таблички дивеел со 162км/час на магистралниот пат Тетово-Гостивар кај Дебрешки надвозник.

932

Четири возачи биле уапсени и казнети  за брзо возење во регионот на Гостивар во неделата, 11 мај, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според полицискиот билтен, сите од казнетите возеле со брзина од повеќе од 150километри на час на места каде е дозволена брзина од 80, во различни делови од денот.

Во 14.55 часот бил уапсен 32-годишнио К.Р. од Косово кој со „ауди“ со косовски регистарски таблички дивеел со 162км/час  на магистралниот пат Тетово-Гостивар кај Дебрешки надвозник. Во 15 часот бил уапсен 55-годишниот С.С. од општина Пласница кој со „ауди“ со италијански регистарски таблички возел со брзина од 156 километри на час.






„Во 16.40 часот, Д.К.(34) од Тетово управувала патничко возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски таблички со брзина од 167 км/час на место каде дозвочлената максимална брзина на движење е 80 км/час. Во 17.45 часот, Д.З.(29) од Скопје управбувал патничко возило „гили” со скопски регистарски таблички со 161 км/час на место каде брзината на движење е ограничена на 80 км/час“.
Лицата ќе добијат пријави за „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти МВР.
Поврзани содржини