📽️ СИТЕ БИ СЛАВЕЛЕ, НО НЕ И ЈОКИЌ На Србинот му збоктиса од наградите, неговата реакција е урнебесна

По натпреварот, тренерот на Нагетс, Мајкл Мелоун, одлучи да му даде специјално признание – златниот синџир за најдобра одбрана! Оваа награда се доделува по секој меч на играчот што најдобро се покажал во дефанзивата, а овој пат – победник беше Јокиќ.

1,325

Никола Јокиќ во НБА прави што сака! Да му беше гајле за статистиката, веројатно ќе „крадеше“ уште по некоја асистенција за да си ги напумпа бројките, ама нему тоа не му е важно.

Она што е важно е дека во победата на Денвер над Феникс (122:105), беше на чекор од нов трипл-дабл – буквално му фалеше една асистенција!






Статистика на Јокиќ:
– 26 поени (10/11 за два, 1/2 за три, 3/3 слободни фрлања)
– 11 скока
– 9 асистенции

По натпреварот, тренерот на Нагетс, Мајкл Мелоун, одлучи да му даде специјално признание – златниот синџир за најдобра одбрана! Оваа награда се доделува по секој меч на играчот што најдобро се покажал во дефанзивата, а овој пат – победник беше Јокиќ.

И што направи српскиот гениј?

Му се заблагодари на тренерот, го зема синџирот… и ладнокрвно го остави покрај себе како да е празно шише вода. Нема славење, нема еуфорија – само класичен Јокиќ!

 

Поврзани содржини