„СИСТИНА“ СЛАВИ 25 ГОДИНИ ГРИЖА ЗА ИДНИТЕ МАЈКИ И НИВНИТЕ НАЈМИЛИ Специјална понуда за безбедниот NIPT-тест за породување
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ слави 25 години со специјална јубилејна понуда за породување, која вклучува безбеден NIPT-пренатален тест, бесплатна амниоцентеза и можност за плаќање до 60 рати без камата.
Во чест на 25-годишнината од отворањето на првата специјализирана болница за гинекологија и акушерство „Мала Богородица – Систина“, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ објави јубилејна понуда за пакетите за породување со вклучен пренатален неинвазивен тест (NIPT).
NIPT е безбеден и неинвазивен пренатален тест кој овозможува рано откривање на најчестите хромозомски и генетски состојби кај фетусот, без никакви ризици за мајката и бебето. Тестот се изведува со едноставно земање крв од мајката и анализа на слободна фетална ДНК во нејзината крв. Специјалната понуда се реализира во соработка со Биотек лабораторија, а пакетите вклучуваат и бесплатна амниоцентеза во случај резултатот да покаже висок ризик.
Уште една од бенефициите е можноста за плаќање на услугите до 60 рати без камата преку Медиплус BABY-кредитот од Алта банка АД Битола, кој се одобрува во рок од еден ден. Дополнителни информации за пакетите може да се добијат преку контакт-центарот на болницата на 02/30 99 500.
Со повеќе од 24.000 новороденчиња, „Аџибадем Систина“ е најголемиот приватен центар за породување и педијатриска грижа во земјава и регионот. Болницата располага со тим од 23 искусни гинеколози акушери, 20 акушерки и 40 медицински сестри кои се посветени на здравјето и грижата за родилките и нивните бебиња.
Во Центарот за асистирана репродукција „Мала Богородица“ досега се изведени над 36.000 ИВФ-циклуси, со стапка на успешност споредлива со светските референтни центри. Тимот го сочинуваат 8 доктори експерти и 8 медицински сестри, додека лабораторијата брои 9 ембриолози, андролози и лаборанти.
Болницата ја отвори и првата приватна Педијатриска болница со ургентен центар, во која работат 27 педијатри – специјалисти, од кои 11 се супспецијалисти. Најмодерната Единица за неонатална интензивна нега е под надзор на 9 неонатолози и 16 високообучени сестри за критично болни новороденчиња. Дополнително, болницата располага и со тим на детски хирурзи и детска кардиохирургија, како и високоспецијализирана кардиохируршка и педијатриска интензивна единица.
25 години „Систина“ значат доверба, безбедност и врвна грижа – место каде што мајките и нивните најмили секогаш се во фокусот на тимот на експерти.