СИСТЕМОТ МОРА ДА СЕ MEНУВА ОД КОРЕН Министерот за правда изрази сочувство до семејството на Фросина

Некогаш нема утешни зборови, но она што можам да се заложам е дека мојата политичка позиција и мојата човечка мисија ќе ја насочам за менување на работите од корен, порача министерот изразувајќи сочувството до семејството на Ќулакова.

632

Министерот за правда Игор Филков утринава изрази сочувство за загинатата Фросина Ќулакова и порача дека неговата мисија  е да ги смени работите од корен во системот.

„Упатувам сочувство до семејството и пријателите на прерано загинатата Фросина Ќулакова.






Некогаш нема утешни зборови, но она што можам да се заложам е дека мојата политичка позиција и мојата човечка мисија ќе ја насочам за менување на работите од корен. Целиот систем мора да се менува однадвор и одвнатре“, вели министерот во соопштение до јавноста.

 

Поврзани содржини