СИНОВИТЕ НА КАДИРОВ МУ НОСАТ УКРАИНЦИ НА ПОДАРОК Видео стана хит на социјалните мрежи
Во постот се вели дека синовите разговарале со заробените Украинци и дека тие им се жалеле оти се мобилизирани и испратени на фронтот како „топовско месо“. Наводно, им била дадена пушка со четири цевки, не им била дадена храна, а носеле стари униформи. Украинците наводно изгубиле 40 свои пријатели на фронтот.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како синовите на лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, носат тројца заробени украински војници. Тие ги донесоа затворениците кај нивниот татко во градот Грозни. Кадиров гордо ги гледаше своите синови кои ги обучуваше и ги испрати на фронтот уште на почетокот на месецов, пишува Мондо.
In this video from #Grozny, #Chechnya, south #Russia, 16-yo son of Chechnya head Ramzan Kadyrov is “gifting” to his father three Ukrainian POWs captured in #Ukraine.
If this is not a theatre but real life situation, this is modern slavery. pic.twitter.com/npI8yBBEp4
— Alex Kokcharov (@AlexKokcharov) October 21, 2022
Веста беше потврдена на Телеграм-каналот на Кадиров, иако првично се зборуваше за наводна монтажа. Во постот се вели дека синовите разговарале со заробените Украинци и дека тие им се жалеле оти се мобилизирани и испратени на фронтот како „топовско месо“. Наводно, им била дадена пушка со четири цевки, не им била дадена храна, а носеле стари униформи. Украинците наводно изгубиле 40 свои пријатели на фронтот.
– Би сакал да им се заблагодарам на сите мои драги браќа и припадници на племето кои, како дел од делегацијата, како и на претходните патувања во Донбас, направија многу плодна работа – вели Кадиров на Телеграм.