СИНОТ НА ТРАМП ПРОДАВА МАИЦИ „Алек Болдвин убива луѓе“ (ФОТО)

Синот на поранешниот американски претседател сподели неколку фотографии и стории на Инстаграм по трагичниот инцидент.

1,001

Доналд Трамп помладиот, синот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, продава маици на својата веб-страница за 27,99 долари, а можно е да се купат во неколку различни бои. Станува збор за класична маичка со кратки ракави на која со бел текст со кој е прозван славниот холивудски актер поради трагедијата што се случи неодамна за време на снимањето на „Рѓа“.

Синот на поранешниот американски претседател сподели неколку фотографии и стории на Инстаграм по трагичниот инцидент, а една од најновите стории покажува маица со натпис:






„Оружјето не убива луѓе, Алек Болдвин убива луѓе“, пишува на маиците. Фотографијата е придружена со линк до веб-страницата на помладиот Трамп, каде маицата се продава за 27,99 долари.

 

И покрај осудите од некои корисници на социјалните мрежи, синот на поранешниот американски претседател дополнително не ја коментираше продажбата на маиците и не ги тргна од својата страница.

Да потсетиме, на 22 октомври, Болдвин случајно ја уби директорката на фотографија Халина Хачкинс на сетот на филмот „Рѓа“ и го рани режисерот Џоел Суза. Понатамошната истрага утврдила дека во пиштолот наместо лажни имало вистински куршуми, а како еден од виновниците за несреќата се посочува Дејв Халс кој не го почитувал безбедносниот протокол.

Доналд Трамп помладиот пред неколку дена, преку саркастични фотографии на социјалните мрежи, јавно го обвини актерот за несреќата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Donald Trump Jr. (@donaldjtrumpjr)


Поранешниот претседател Трамп и Алек Болдвин се во долготрајна расправија, а актерот го отелотвори контроверзниот политичар во емисијата „Saturday Night Live“.

ФОТО: ЕПА/Инстаграм/Твитер

 

Поврзани содржини