СИНОТ НА ТРАМП ЌЕ ПРОИЗВЕДУВА РОБОТИ ЗА ВОЈСКАТА Склучи договор со администрациjaта на Трамп

Критичарите обвинуваат за судир на интереси и непотизам, а го истакнуваат фактот дека претходно Трамп помладиот немал никакво искуство во роботиката.

298

Ерик Трамп, син на американскиот претседател Доналд Трамп, доби договор со министерството за одбрана вреден 24 милиони долари, со неговата технолошка компанија „Фаундејшн индустрис“, која развива футуристички алатки за војување.

Во гостување на телевизијата „Фокс бизнис“ 42-годишниот Трамп отворено се пофали со склучениот договор со администрацијата на неговиот татко, и покрај очигледниот судир на интереси. Ерик Трамп е вклучен во целата приказна како главен стратешки советник и еден од клучните финансиери, а се појави во студиото заедно со извршниот директор на компанијата, Санкает Патак.

Меѓу нејзините проекти е и производството на хуманоиден робот за кој компанијата тврди дека еден ден би можел да ги замени војниците на фронтот. Ерик не го криеше својот ентузијазам за технологијата што ја нуди на државата. Тој ги опиша роботите повеќе како играчки, а помалку како машини за убивање.

– Мора да ја добиеме оваа трка. Ние сме најсилната економија во светот. Кога ќе достигнат овие машини едно ниво, ќе може да комуницирате со нив, ќе ве поздравуваат со поздрав со дланка „да пукне“, и ќе ги слушаат вашите команди. Ако воведете автономија на вештачката интелигенција, тоа ќе ја промени индустријата, воените апликации, па дури и угостителската индустрија. Можностите се неограничени и мислам дека тоа е многу убава работа – рече Трамп помладиот во емисијата.

Сепак, синот на Трамп не навлезе во детали за тоа како точно неговата компанија го обезбедила мултимилионскиот владин договор. Во јавноста договорот предизвика обвинувања за непотизам и корупција, но никој во Републиканската партија, или од администрацијата на Трамп, засега не се спротивстави на овој договор.

Ккритичарите исто така го истакнуваат недостигот од претходно искуство на Ерик Трамп во индустријата за роботика, доведувајќи ја во прашање правичноста на добивањето на толку профитабилен воен договор. Тие тврдат дека ваквиот аранжман ја поткопува јавната доверба во процесите на владините набавки

Ова не е прв пат семејството Трамп да ја користи својата политичка моќ за да извлече пари од државата. Самиот Трамп за време на изборната година, склучи повеќе сомнителни договори, меѓу кои беа брендирани патики и други производи со неговото име, па дури и ограничено издание на Библијата со негов потпис, која се продаваше за 60 долари.

Трамп ја лансираше и сопствената социјална мрежа Трут соушл (Truth Social), а го стави своето име на нова платформа за криптовалути што ја водат неговите синови Ерик и Дон Џуниор.

Луѓето околу Трамп рекламираат можност инвеститорите лично да се сретнат со претседателот во Мар-а-Лаго, за одредена цена која се мери со милиони долари инвестирани во неговата криптовалута.

Поврзани содржини