СИНОТ НА МУСА ЏАФЕРИ ГО НАПАДНАЛ БИСЛИМОСКИ Сопственикот на „У Пауер“ на пат да ја изгуби лиценцата

За фирмата „У Пауер“ се води постапка во Регулаторната комисија за енергетика за одземање на лиценца за снабдување со електрична енергија по пријава од МЕПСО дека фирмата ја нарушува стабилноста на системот за електрична енергија и неоправдано троши резерви на струја за сопствен профит.

2,200

Аријанит Џафери, син на поранешниот функционер на ДУИ Муса Џафери и сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У Пауер“, синоќа физички го нападнал претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски. Нападот го прекинала придружбата на Џафери, а за него потврдуваат сведоци на настанот, како и видео снимка која ја објави Дојче веле.

Бислимоски за медиумите потврди дека бил нападнат. Како што може да се види на снимката, Џафери неколку пати го удрил и го влечел Бислимоски, по што лица од придружбата на Џафери успеале да го оттргнат и да заминат.






Од МВР за Фактор потврдиле дека на 05.10.2021 во 23.54 часот во СВР Скопје М.Б.(45) од Скопје пријавил дека на тераса од угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од А.Џ.(28) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, се вели во соопштението од МВР.

Причина за нападот најверојатно е постапката што ја води Регулаторната комисија за енергетика за одземање на лиценцата за снабдување со електрична енергија на фирмата „У Пауер“. Регулаторната комисија ја почна постапката по пријавата од МЕПСО дека фирмата „У Пауер“ ја нарушува стабилноста на системот за електрична енергија и неоправдано троши резерви на струја за сопствен профит.

Портпаролката на РКЕ Марина Узунов за Телма го потврди инциденот и информира дека претседателот Бислимовски се чувствува добро.

– РКЕ работи согласно законот и единствно по што се водиме и ќе продолжиме да ги водиме постапките е врз основа на сила на аргументите, а не на физичка сила. Претседателот Бислимоски инцидентот го пријави во соодветните институции. РКЕ како и до сега ќе продолжи да се води од постулатот на заштитата на потрошувачот и сигурноста и стабилноста на електроенергетскиот систем – изјави Узунов за Телма.

Поврзани содржини