СИНОТ Е ИЗБОДЕН, ТАТКОТО Е ГРАБНАТ На беровци им влегле дома поради долгови
Полицијата соопшти дека полициски службеници по преземени мерки и активности го пронашле таткото.
Во атарот на Берово утрово во семејна куќа кај местото викано „Линако“ поради нерасчитени должничко-доверителски односи, се одвивала вистинска драма.
„На 09.11.2023 во 08.30 часот полициски службеници во место викано „Линако”, атар на Берово, го лишиле од слобода О.К.(33) од Берово. Според пријавеното, околу 02 часот во семејната куќа на Д.Т.(67) и Д.Т.(41) во Берово, татко и син, поради нерасчистени должничко – доверителски односи, О.К.(33) и Б.К.(30) со употреба на сила влегле и физички го нападнале синот, при што употребиле остар предмет, а таткото го однеле со возило“, информира МВР.
Полицијата соопшти дека полициски службеници по преземени мерки и активности го пронашле Д.Т.(67).
Извршен е увид, запознат е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.