По синоќешните земјотреси во Мавровскиот реион водата за пиење во сите селски населби е заматена и истата се препорачува да не се користи за пиење.
Од ЈПКД Маврово на својот Фејсбук профил посочуваат дека силните земјотреси во мавровскиот регион предизвикале заматување на водата. Од таму препорачуваат истата да не се користи за пиење.
Синоќа два силни земјотреси со јачина од 4,7 и 4,4 степени по Рихтер кои се случија во 22 часот и 17 минути и 22 часот и 28 минути го погодија гостиварско – мавровскиот регион и истите се почувствуваа во Скопје, Гостивар , тетово, Кичево, Дебар и Струга.