📷 СИНЕР ГО ВРАЌА ТРЕНЕРОТ КОЈ ГО ОТПУШТИ ПОРАДИ ДОПИНГ СКАНДАЛОТ Ферара е клучен за перформансот на Италијанецот?
Умберто имаше важна улога во развојот на Синер и неговото враќање ја покажува нашата фокусираност на континуитет и врвна изведба, порача тимот на Синер, појаснувајќи дека одлуката е со цел да се обезбеди подготовка за предизвикот во Синсинати и УС Опен.
Италијанскиот тениски ас Јаник Синер го врати Умберто Ферара како свој кондиционен тренер, скоро една година откако го отпушти токму поради инцидентот со допингот кој му донесе суспензија, пишува Газета. Некои медиуми го оценија ова како контроверзен чекор.
По два позитивни теста за клотебол во март 2024 година, кои беа прогласени за случајно контаминирање преку кремата Трофодермин која ја набави Ферара, Синер ја загуби довербата и го отпушти.
„Умберто имаше важна улога во развојот на Синер и неговото враќање ја покажува нашата фокусираност на континуитет и врвна изведба“, порача тимот на Синер, појаснувајќи дека одлуката е со цел да се обезбеди подготовка за предизвикот во Синсинати и УС Опен.
Sinner richiama Umberto Ferrara come preparatore atletico 🤯
Il numero 1 al mondo ha richiamato nello staff al posto di Marco Panichi 🆕#Tennis #Sinner pic.twitter.com/zr9L93aGyv
— Eurosport IT (@Eurosport_IT) July 23, 2025
Ваквиот потег ја разбуди тениската јавност. Австралијанецот Ник Кирјос жестоко реагираше на социјалните мрежи, велејќи дека „сите сме биле измамени“, а поранешниот светски шампион во двојки Пол Мекнами оцени дека тоа е „една од најшокантните ПР-потези во историјата на тенисот“.
– Не можам да верувам дека ова е реално. Сме биле измамени – изјави Кирјос, што само ја зацврсти дебатата околу кредибилитетот и транспарентноста во спортот.
Од друга страна, дел од фановите и форумите на Реддит го оправдуваат враќањето со аргумент дека ако довербата е потполна и инцидентот беше случаен, тогаш враќањето е логично.