СИНЕР ГО ИСПЛЕСКА АЛКАРАЗ Јаник освои прво место на „турнирот на кралевите“ во Саудиска Арабија

Се разбудив утрината обидувајќи се да смислам начини како да го победам. Ваквото ривалство, овој тип на натпревар, секогаш нѐ турка до 100% од нашите способности. Се надевам дека ова ривалство ќе трае што е можно подолго. Но, има уште толку многу големи играчи кои можат да настапат... Да видиме што носи иднината, прокоментира тенисерот Јаник Синер во своето интервју по натпреварот.

611

Светскиот рекет број еден, Јаник Синер (Италија), ја освои наградата од 6 милиони долари на егзибицискиот турнир наречен „Сикс Кингс Слем“ во Ријад, Саудиска Арабија.

Синер во финалето го совлада Карлос Алкараз (Шпанија) со 6:7(5), 6:3, 6:3 за 2 часа и 21 минута игра. Нешто порано. Србинот Новак Ѓоковиќ го победи Шпанецот Рафаел Надал со 6:2. 7:6 (5) во мечот за третото место.






– Ривалството меѓу Синер и Алкараз го вади најдоброто од двајцата – изјави италијанскиот тенисер.

Тој додаде дека се надева дека тоа ќе трае долго.

– Се разбудив утрината обидувајќи се да смислам начини како да го победам. Ваквото ривалство, овој тип на натпревар, секогаш нѐ турка до 100% од нашите способности. Се надевам дека ова ривалство ќе трае што е можно подолго. Но, има уште толку многу големи играчи кои можат да настапат… Да видиме што носи иднината – прокоментира Синер во своето интервју по натпреварот.

Италијанецот и Шпанецот освоија по два Гренд Слема оваа година, а Алкараз го победи Синер во тешките мечеви во полуфиналето на Ролан Гарос и во финалето на турнирот во Кина. Тие играа меѓу себе 10 пати на АТП ниво, а 21-годишниот Шпанец победи на 6 натпревари, вклучувајќи ги и последните 3 натпревари.

Поврзани содржини
na