СИН ЗАПАЛИЛ ТАТКО Ужасна семејна драма во Сараево

452

Трагична семејна драма попладнево се случила во Сараево откако едно лице запалило друго, пренесуваат босанските медиуми.

Eдно лице се здобило со тешки телесни повреди опасни по живот, а сторителот побегнал од местото на злосторството и се уште се трага по него, соопшти МВР на БиХ.






„Известен е дежурниот обвинител, а полицијата се уште трага по осомничениот кој се товари за кривично дело „убиство во обид“, се наведува во соопштението.

Како што дознаваат босанските медиуми, синот го запалил татко си, а потоа побегнал, а жртвата се здобила со сериозни повреди во вид на изгореници на 75 отсто од телото.

Синот од претходно и е познат на полицијата, а таткотое пренесен во одделението за пластична хирургија, каде лекарите се борат за неговиот живот.

Поврзани содржини