СИН НА СОПСТВЕНИКОТ НА ДИСКОТЕКАТА Е ВО БОЛНИЦА, ДЕЛ ОД ОСОМНИЧЕНИТЕ СЕ МРТВИ На концертот имало 500 лица, биле продадени 250 карти

Четири лица имаме обезбедено во болница, два члена на бендот, син на сопственик на дискотека и управител на правното лице кое ја менаџирало дискотеката. Дел од приведените лица кои се во полициска станица се луѓе кои имаат директна вина во овој кривично правен настан, рече министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

1,186

МВР, во координација со Јавното обвинителство до овој момент во врска со пожарот во дискотеката во Кочани има осомничено над 20 лица. Од нив, околу 15 лица се во полициска станица, дел од осомничените загинале во пожарот, а дел се во болница, соопшти пред малку министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тој информираше за последните сознанија и случувања во истрагата за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 59 лица, а 155 се повредени, од кои 22 се во критична состојба.






– Дел од осомничените се во болница. Четири лица имаме обезбедено во болница, два члена на бендот, син на сопственик на дискотека и управител на правното лице кое ја менаџирало дискотеката. Дел од приведените лица кои се во полициска станица се луѓе кои имаат директна вина во овој кривично правен настан. Приведено е едно лице кое е организатор на настанот и за кое имаме сомнение дека е има директна вина. Исто така, приведени се поранешен државен секретар на Министерството за економија, поранешен, мислам дека е и сегашен раководител на еден сектор во министерството, поранешен директор во Дирекцијата за заштита и спасување и тројца вработени во дирекцијата. Дел од приведените се организатори на настанот, дел се обезбедување, дел биле вклучени во други активности. Извршени се разговри со над 25 очевидци – рече Тошковски.

Министерот информираше дека повеќе од 20 повредени се малолетни лица и дека загинале 3 малолетни лица.

– Имало околу 500 лица во дискотеката, 250 карти се продадени. Имињата на починатите, по идентификацијата ќе бидат доствени до семејствата. Идентификувани се најголем број од жртвите. Сите тела се извлечени. Во критична состојба се 22 лица, дел ќе бидат пренесени на лекување во Турција, Бугарија и во Грција. Денеска Македонија плаче, ама ќе има одговорност за секој еден од корумпираните, неодоговрните и секој кој има директно и посредно влијание за настанување на овој кривично-правен настан – рече Тошкоски.

Тој информираше дека се обезбедени четирите лица за кои претходно беше распишана централна потерница, тие се пронајдени во болница.

Поврзани содржини