СИН МИ Е ЗГРОЗЕН ОД ТОА ШТО СЕ СЛУЧУВАЛО Мајка сведочи за игрите и задачите во извидничкиот камп во Зелениково
Полицијата и Обвинителството истражуваат што се случувало на извидничкиот камп за сексуална едукација.
Уште еден родител на тинејџер извидник кој бил дел од извидничкиот камп за сексуална едукација „Sex Scouts and Rock n Roll“ кој се организирал викендов во Зелениково сподели информации за тоа што се случувало таму.
– Нас како родители само усно нѝ беше кажано дека ќе биде акција за сексуална едукација. Но тоа беше сè освен едукација. Син ми е згрозен од целиот настан и сè што видел како машко, а камоли девојчињата. Имало многу вулгарни зборови, игри, кои не ги оправдувам и првенствено син ми беше иницијатор да пријавиме за да се крене свеста и кај другите деца, да не премолчуваат и да не ја заташкуваат работата – изјави мајка на едно од децата за „Слободен печат“.
Полицијата и Обвинителството истражуваат што се случувало на извидничкиот камп за сексуална едукација. Реагираше и народниот правобранител и организации кои се занимаваат со правата на децата.
Истрага најави и Сојузот на извидници на државава.
Вчера за првпат се јави и организаторот – Прв извиднички одред кој потврди дека дел од кажаното од децата и родителите се случувало за време на кампот, но велат дека тоа што се случувало таму е криво протолкувано бидејќи ништо неморално не се случувало.