СИМПАТИЗЕРОТ НА ДЕСНА, КИРИЛ ТРЕНЧЕВСКИ, ПОТВРДИ ДЕКА ВИДЕЛ ПИШТОЛ ВО ПАРТИЈАТА Претпоставил дека пиштолот е на Палчо и дека е со дозвола
Имавме радио-станици кај „Шампионче“, токи-воки, една-две радио-станици имаше. Кај „Џамбо“ не сум забележал. Малку време сум присуствувал во новиот штаб, 3 или 4 пати сум бил таму. Влатко беше таму секој ден, тој беше домар. Не знам како се финанираше партијата. Ние собиравме по 200-300 денари кога доаѓаа гости на поткаст, за сокови, грицки итн. – сведочеше симпатизерот Тренчевски.
Симпатизерот на партијата Десна, Кирил Тренчевски, денеска на рочиште во врска со убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски сведочеше дека во седиштето на партијата во Кисела Вода видел пиштол.
– Возилото „рено канго“ на Ѓорѓи Џолев требаше да биде наменето за преселба на партијата, маси, столици… Јас бев еднаш, кога се носеа некои работи. Кога заврши преселбата, возилото остана во партијата. Јас не бев член на партијата, бев симпатизер. Во старото седиште одев почесто, во новото поретко. Палевски го запознав преку поткастите. Другите обвинети ги имам видено во седиштето, претходно ги немав видено. Влатко секој ден беше во штабот, другите ретко – рече Тренчевски.
– Сте виделе ли пиштол во штабот кај „Шампионче“?
– Да. Го видов во една од двете големи простории, во едно од двете студија, каде Палевски снимаше поткасти. Не прашав чиј е пиштолот, претпоставував дека е на Палчо. Сметав дека е со дозвола. Во штабот кај „Веро џамбо“ не сум видел пиштол – рече Тренчевски.
– А сте виделе ли радио-станици? – праша обвинителот.
– Имавме радио-станици кај „Шампионче“, токи-воки, една-две радио-станици имаше. Кај „Џамбо“ не сум забележал. Малку време сум присуствувал во новиот штаб, 3 или 4 пати сум бил таму. Влатко беше таму секој ден, тој беше домар. Другиве сум ги видел неколку пати во стариот штаб, а во новиот не. Не знам како се финанираше партијата. Ние собиравме по 200-300 денари кога доаѓаа гости на поткаст, за сокови, грицки итн. – рече Тренчевски.
– Во петокот ми кажаа дека има галама пред седиштето, отидов, беше 12 часот навечер. Имаше паркирано возило „сеат алтеа“, а внатре беше Влатко. Очекував искршени работи, но немаше ништо. Прашав каде е Палевски, Влатко ми рече дека заминал на операција. Поседовме малку во партјата, дојде и Христијан Плотников. Слушнавме дека Џоле е во полициска станица, се зачудивме, не знаевме зошто, мислевме дека е за прекршок на колата. Останавме во партијата, очекувавме дека ќе дојде полиција и во седиштето. Палевски имаше куче кангал, останавме да го чуваме кучето, оти претпоставуваме дека ќе дојде полиција. Дојде полиција, изврши претрес во партијата. После претресот отидовме во полициската станица „Пролет“, со инспектори и со адвокатот Васко, кој дојде како адвокат на партијата. Палевски и останатите обвинети имаа пријателски однос. Ние изгубивме контакт после настаните – рече Тренчевски.
– Колку луѓе беа на претресот? – праша Палевски.
– 20 полицајци беа, не спомнаа што бараат и зошто прават петрес. Јас бев кај вратата, го држев кучето, не видов повеќе – рече Тренчевски.
– Дали јас имам друго возило? – праша Палевски.
– Да, „фиат добло пикап“, исто така комбе – одговори Тренчевски.
– Дали некој инспектор ме спомена мене со име и презиме? – праша Палевски.
– Не слушнав – рече Тренчевски.
Тој додаде дека преселбата на партијата било во октомври-ноември 2023 година.