Симовски за ТВ21: Добро е што го одложивме пописот
Добро е што го одложивме терминот, бидејќи сега ќе имавме потрошено огромни пари за организација - истакна Симовски во гостувањето за ТВ21.
Добро е што го одложивме пописот, бидејќи повторно ќе требаше да се одложува поради пандемијата со коронавирусот, рече директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, во денешното гостување во ТВ21.
– Домаќинствата ќе имаа проблем за да ги примат попишувачите, бидејќи ние не би можеле да гарантираме здравствена безбедност. Добро е што го одложивме терминот, бидејќи сега ќе имавме потрошено огромни пари за организација – истакна Симовски.
Тој исто така додаде дека проблем претставува и тоа што немаме Закон за попис.
– Собранието не работи, а ние го чекаме новиот парламент да го донесе законот – рече Симовски.