Симовски: Попишани се 18.000 граѓани, не се обидувајте да ја хакирате апликацијата
Ги имаме сите критериуми за заштита. Никој од надвор нема пристап до тие бази, ниту фирмата која ја направила апликацијата, ниту некој било кој друг освен јас, рече директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС).
До денеска има 18.000 пријавени и попишани на онлајн апликацијата, соопшти директорот на Државниот завод за статистика, Апостл Симовски.
Тој уште еднаш потенцираше дека лажните пријавувања не влегуваат во базата на податоци.
– Не се обидувајте да ја хакирате базата, бидејќи и вие ќе подлежите на санкции. Ги имаме сите критериуми за заштита. Никој од надвор нема пристап до тие бази, ниту фирмата која ја направила апликацијата, ниту некој било кој друг освен јас. Дури и во самата институција има строго определен протокол кој може да влегува во овие бази. Тоа се лица кои имаат сертификати и кои се претходно проверени – рече Симовски.