СИЛНО ТОРНАДО РАЗНЕСЕ ДОМОВИ Ужасни глетки од Канзас ВИДЕО

449

Торнадото, кое денеска помина низ делови на американската сојузна држава Канзас, оштети неколку згради и повреди неколку луѓе, додека повеќе од 6.500 домаќинства останаа без струја.

Властите објавија дека бурата која била проследена со грмотевици зафатила делови од Вичита и Андовер и дека се оштетени до 100 згради, а некои куќи во некои делови од градот се целосно уништени.






Шефот на противпожарната служба на Андовер, Чад Расел, на прес-конференција изјави дека три лица се повредени во округот Седвик, меѓу кои и една жена која е тешко повредена, но дека нема повредени во округот Батлер и дека дополнителна процени ќе се направи подоцна.

Иако не се знае веднаш колку згради се оштетени, повеќе од 900 објекти биле на патот на торнадото.

 

 

Поврзани содржини