Силно невреме го зафати Скопје, Драчево „побеле“ од град (ВИДЕО)

Од УХМР уште вчера предупредија дека денес е можно невреме, а стабилизација на времето е најавена за од утре за кога се предвидени температури и до 38 степени.

1,656

Главниот град го зафати силно невреме, а во некои населби паѓаше и град.

На социјалните мрежи жителите на скопската населба Драчево споделуваат фотографии и видеа, а според информациите оваа место беше најпогодена од градот кој за неколку минути се истури по улиците и во дворовите и буквално ги побеле. Град со дожд паѓаше и во делови од скопско Лисиче.






Од УХМР уште вчера предупредија дека денес е можно невреме, а стабилизација на времето е најавена за од утре за кога се предвидени температури и до 38 степени.

Надлежните треба да соопштат кој делови од земјава и од главниот град беа најзафатени од невремето и дали има евентуални штети од градот.

Поврзани содржини