📷 СИЛНО НЕВРЕМЕ ГО ОПУСТОШИ ХЈУСТОН Загинаа 4 лица, 800.000 луѓе останаа без струја

Училиштата и факултетите во градот, кој има околу 2,4 милиони жители, денеска ќе бидат затворени.

134

Четири лица загинаа во Хјустон, во американската сојузна држава Тексас, во силно невреме што предизвика големи материјални штети и бројни проблеми во енергетскиот систем.

За жал имаме четворица загинати, истакна градоначалникот на Хјустон, Дон Витмајер.







Според него невремето оштети деловни објекти во центарот на градот, дека повеќе од 800.000 жители останале без електрична енергија.

Училиштата и факултетите во градот, кој има околу 2,4 милиони жители, денеска ќе бидат затворени.

Поврзани содржини