СИЛНИОТ ВЕТЕР ГО ТУРНА ВИДЕО БИМОТ, НЕМА ПОВРЕДЕНИ Се јави МНР по инцидентот на Форумот во Струга

Инцидентот не предизвика никакви последици, и по куса пауза, панелот продолжи со предвидената агенда, информираше МНР.

1,003

Кусиот прекин на отворањето на Преспа форумот за дијалог се случи поради невремето и силниот ветер кој го оштети панелот од сценографијата, што резултираше со прекин на активностите, информираат од Министерството за надворешни работи (МНР).

„Инцидентот не предизвика никакви последици, и по куса пауза, панелот продолжи со предвидената агенда. Информираме дека Форумот продолжува и утре, со предвидената динамика, утре следат клучните панели на кои очекуваме плодни дискусии и важни пораки. Министерството за надворешни работи ја користи оваа прилика да им се извини на сите оние кои го следат форумот, овде во Струга, или преку интернет стрим“, соопшти МНР.






(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ НА ПРЕСПА ФОРУМОТ ВО СТРУГА Видео бим падна врз модераторката, дебатата е прекината

Поврзани содржини