Силниот град ги помодре велосипедистите во Франција (ФОТО)

Како што може да се забележи на фотографиите, велосипедистот Тим Деклерк има огромен број модринки на грбот.

1,226

Белгискиот велосипедист Тим Деклерк на социјалните мрежи објави фотографии од повредите што му ги направил градот што паѓал врз него за време на втората етапа на „Критериум ду Дофин“ трката во Франција. Како што може да се забележи на фотографиите, тој има огромен број модринки на грбот.

Инаку, велосипедистите го искачуваа Кол ду Порт, а иако врнело во текот на целата етапа, најмногу настрадале тие кои завршија далеку од главната група, како Деклерк и Максим Шевалие, кои добиле страшни модринки на грбот.






Поврзани содржини