СИЛНА ПОДДРШКА ОД САД И НОВИ ЕКОНОМСКИ ПЕРСПЕКТИВИ ЗА МАКЕДОНИЈА Мицкоски за постигнатиот договор за реципрочна трговија
Ова е политика на конкретни резултати, чекор по чекор, со јасна визија и стабилна поддршка од нашите стратешки сојузници, пишува Мицкоски.
Објавата на Белата куќа на заедничката изјава меѓу САД и Македонија за реципрочна трговија претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД, напиша премиерот Христијан Мицкоски на својот профил на Фејсбук.
„Оваа изјава претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД. Таа го трасира патот кон сеопфатен договор, кој ќе обезбеди тарифи не повисоки од 15 %, а за одредени производи и индустрии и до 0 %, отворајќи нови можности за извоз, инвестиции и економски раст. Со ваквите чекори ја зацврстуваме позицијата на Македонија како доверлив и предвидлив партнер, градиме економија со повисок стандард и ја унапредуваме нашата меѓународна позиција – пишува премиерот Мицкоски на „Фејсбук“.
Ова, додава тој, е политика на конкретни резултати, чекор по чекор, со јасна визија и стабилна поддршка од нашите стратешки сојузници.
Белата куќа на својата официјална веб-страница објави информација за договорот.