СИЛНА ЕКСПЛОЗИЈА ВО АТИНСКОТО ПРЕДГРАДИЈЕ ПИРЕАС Бомбата била поставена пред деловна зграда

Во зградата има канцеларии на бродски компании, осигурителни компании, адвокатски канцеларии, како и продавници.

112

Силна експлозија се случи во текот на ноќта пред деловна зграда во атинското предградије Пиреас, откако пред објектот била поставена бомба што предизвикала голема материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина.

Од експлозија нема повредени, а полицијата трага по лицето или лицата кои го поставиле експлозивниот механизам.






Во зградата има канцеларии на бродски компании, осигурителни компании, адвокатски канцеларии, како и продавници, а засега не се знае која била целта на поставената бомба.

Материјална штета претрпеле и околните згради и продавници.

 

Поврзани содржини