СИЛЕН ЗВУК И ЈАКА СВЕТЛИНА Мигрант починал по струен удар кај Илинден, полициски службеници биле сведоци
Од страна на полициски службеници, во еден момент се чул силен звук проследен со јака светлина. Откако била исклучена струјата било забележано починато лице, најверојатно мигрант кој немал документи за идентификацја, а кој кога сакал да се симне го допрел струјниот вод – велат од МВР за Плусинфо.
Министерството за внатрешни работи, денеска ја потврди информацијата која вчера ја сподели Плусинфо во која поради струен удар мигрант го загуби животот на Железничката станица Илинден.
– Вчера во 19 часот во Полициското одделение Петровец било пријавено дека при преглед на товарен воз на Железничката станица Илинден, кој сообраќал на релација Гевгелија-Табановце, од страна на полициски службеници, во еден момент се чул силен звук проследен со јака светлина. Откако била исклучена струјата било забележано починато лице, најверојатно мигрант кој немал документи за идентификацја, а кој кога сакал да се симне го допрел струјниот вод – велат од МВР за Плусинфо.
Како што информираат од МВР извршен увид на самото место, смрт констатирал лекар од итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
СЕ КАЧУВАЛ НА ВАГОН, ПА ГО УДРИЛА СТРУЈА Мигрант го загубил животот на станицата Илинден