🎥 СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ПЕРУ Најмалку еден загинат, неколкумина повредени во урнати згради

76

Најмалку едно лице загина, а неколкумина се повредени во силниот земјотрес што ноќеска го погоди југозападниот дел на Перу, јави германската новинска агенција ДПА.

Геофизичкиот институт на Перу соопшти дека земјотресот бил со магнитуда од 5,1 степен, додека Американскиот геолошки институт (УСГС) ја процени јачината на 5,5 степени според Рихтеровата скала. Според перуанскиот Геофизички институт, потресот се случил околу 21:24 часот по локално време, на длабочина од 24 километри, јужно од градот Чупака во регионот Хунин.






Првичните информации од локалните медиуми укажуваат дека во погоденото подрачје се урнале повеќе објекти, при што едно лице го загубило животот, а неколку други лица се повредени.

Перу е често погоден од сеизмички потреси поради судирот на неколку тектонски плочи. Оваа јужноамериканска држава, заедно со Чиле и со Еквадор, се наоѓа во таканаречениот Пацифички Огнен Прстен, кој претставува најсеизмички активна зона на Земјата.

Поврзани содржини